САД опен: Познати финалистките, елиминирана „милијардерката“

Белорусинката, Арина Сабаленка, втората носителка и Американката, Џесика Пегула, шестата светска тенисерка ќе играат во финалето на грен слем турнирот во Њујорк.

Сабаленка, двократната победничка на Австралија опен, со овој резултат го израмни најголемиот успех сезонава, додека Пегула за првпат ќе игра во финалето на еден од четирите најголеми турнири.

За пласман во финалето, Сабаленка играше и ја победи 13-та носителка, Американката, Ема Наваро, ќерката на Бен Наваро, банкар и инвеститор „вреден“ 3,5 милијарди долари, со 6:3 и 7:6.

Наваро (23) никогаш досега во кариерата не стигнала толку далеку на еден грен слем турнир, но по одличните игра на САД опен ќе се најде меѓу 10-те најдобри тенисерки во светот. Таа има освоено само еден турнир во кариерата, годинава во Хобарт.

Во мечот меѓу двете тенисерки кои без загубен сет стигнаа до полуфиналето, Пегула ја совлада Каролина Мухова од Чешка, со 1:6, 6:4, 6:2. Пегула (30) стана најстарата финалистка на САД опен од 2015 година и Италијанката, Флавија Пенета.

Сабаленка и Пегула досега седум пати играле меѓусебе, последен пат во финалето на турнирот во Синсинати, пред нешто повеќе од две недели, кога победи Сабаленка со 6:3, 7:5.

Белорусинката, која загуби само еден сет на патот до финалето, води со 5:2 во мечевите против следната противничка. Да потсетиме, Пегула во четвртфиналето ја победи најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО