САД опен: Мухова ја декласира Хадад Маја и го повтори ланскиот успех

Нерангираната Каролина Мухова од Чешка, ја победи Бразилката, Беатриз Хадад Маја, 23-та носителка, со 6:1, 6:4 за 85 минути игра и се пласира во полуфиналето на грен слем турнирот во Њујорк, втора година по ред.

Мухова (28) се врати на терените во јуни, откако се опорави од повредата на зглобот на САД опен лани и по операцијата во февруари.

Мухова која нема загубено сет на последниот грен слем годинава, во следната рунда, за место во финалето, ќе игра со подобрата во мечот меѓу првата носителка, Ига Швојнтек од Полска и Американката, шестата носителка, Џесика Пегула.

Мухова е 19-та нерангирана тенисерка во опен ерата која стигнала до полуфиналето во Њујорк, и само петта без загубен сет, покрај Мима Јаушовец (1976), Флавија Пенета (2013), Пенг Шуаи (2014-та) и квалификантката, Ема Радукану, која ја освои титулата во 2021 година.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО