Роналдо ќе паузира на два натпревара

Португалскиот напаѓач на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ќе биде суспендиран на два натпревара, откако беше исклучен во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:2).

Информациите велат дека дисциплинската комисија на Саудиската фудбалска федерација одлучила да го суспендира Роналдо на два натпревара. Во меѓувреме комисијата го испрашала Португалецот за инцидентот на тој натпревар, а тој рекол дека незаслужено добил црвен картон!

Во 86. минута Роналдо доби директен црвен картон поради удар со лакт на противнички играч. По исклучувањето, Португалецот ја фрли капитенската лента, го сврте грбот и одмавна кон судијата. Сезонава Роналдо настапи на 37 натпревари во сите конкуренции, постигна 36 гола и имаше 12 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО