Роналдињо низ кариераta, имаше многу тешки ривали и дуели, па затоа му е и тешко да го избере најтешкиот ривал против кого играл.
Новинарите го прашуваа Бразилецот дали Џон Тери и Серхио Рамос биле на неговото ниво, односно како излегувал со нив на крај, сепак, тој откри друго име како негов најтежок ривал од противничката екипа.
– Дефинитивно тоа беше Паоло Малдини, беше премногу вешт, ме излудуваше. Невозможно е да останете неимпресионирани во негово друштво, кога гледате без какви напори и со едноставност ги решаваше дуелите. Неверојатен играч, порача Роналдињо.
Интересно е тоа што Роналдињо и Малдини една сезона беа соиграчи. Тоа беше во сезоната 2008/9, во дресот на Милан, токму кога италијанскиот дефанзивец се прости од активното играње фудбал.