Роналдињо „пука“ по Бразил: Репрезентацијата е за никаде, не би ги гледал никако

Роналдињо е разочаран како во денешно време изгледа репрезентацијата на Бразил.

Прославениот ас смета дека тимот во моментот е доста стерилен, односно дека нема живот во репрезентативците, за што сведочи и последното реми против репрезентацијата на Америка.

– Не сакам да го гледам овој Бразил на Копа Америка. Ова е дефинитивно еден од најлошите состави во историјата на нашата репрезентација. Едноставно е, нема лидер, само група на фудбалери во која има солирање и поединци. Тажен момент, не сакам да го гледам ваков репрезентативниот табор, разочаран сум, не знам зошто би гледал еден ваков Бразил на натпреварите, порача Роналдињо.

На Бразил навистина не му оди баш најдобро во последно време, а Роналдињо прв од големите имиња реши да повлече нога и да ја искритикува репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО