Ромарио: Да бев претседател, ќе го отпуштев Анчелоти уште во соблекувална

Еден од најлегендарните бразилски фудбалери, Ромарио, жестоко го критикуваше селекторот Карло Анчелоти по елиминацијата на Бразил од СП, оценувајќи дека италијанскиот стратег веднаш треба да биде разрешен од функцијата.

Ромарио во својата емисија „Hora dos Craques“ порача дека, доколку тој одлучувал, Анчелоти веќе би бил поранешен селектор.

„Ќе му го раскинев договорот уште вчера. Веднаш по натпреварот ќе влезев во соблекувалната како претседател на федерацијата и ќе му кажев: ‘Ви благодарам за сè, довидување’. Потоа нека ги бара своите права по правен пат“, изјави Ромарио.

Нема шанси Анчелоти да остане селектор по ова фијаско и срам што го доживеавме. Тоа го зборував и во претходните три емисии, а сега само го повторувам. Нешто мора да се промени, вака не може“, истакна легендарниот напаѓач.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО