Романците оптимисти: Заслуживме место во следната фаза

Романскиот репрезентативец Раду Дрaгушин по поразот од Белгија (0:2) изјави дека неговата репрезентација со играта на првите два меча заслужи да оди во елиминациската фаза на ЕП.

– Имавме шанси, имавме добро второ полувреме, но не знам што ни недостигаше. Тие покажаа поголема концентрација кога имаа шанси за гол. Тешко ни беше да го започнеме натпреварот со примениот гол. Имавме слично искуство со Израел во квалификацискиот циклус, но успеавме повторно да издигнеме и да ги свртиме работите. Тоа не ни успеа сега. Мислам дека нашата одбрана требаше да делува порешително, но на натпреварот против Словачка ќе покажеме дека заслужуваме да одиме во следната фаза. Навистина верувам во нашите шанси. Ќе се фокусираме на нашата цел, се уште можеме да го постигнеме тоа што го сакаме, изјави 22-годишниот Романец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО