Ројевиќ: Заедно со публиката да обезбедиме историско финале

Тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, ги изнесе очекувањата од реваншот против Целје во полуфиналето на Еврокупот на ЕХФ, каде неговиот тим ќе се обиде да обезбеди историски пласман во големото финале.

Охриѓани го пречекуваат словенечкиот тим во преполната сала „Билјанини извори“, со надеж за анулирање на минималната негатива од првиот натпревар (27-26).

„Подготвени сме да дадеме максимум од своите можности на реванш натпреварот против Целје Веруваме дека заедно со публиката, чија енергија ни е многу потребна, можеме да ја анулираме предноста на противникот и да оствариме историскивлез во финалето, порача тренерот Ројевиќ.

Дуелот помеѓу ГРК Охрид и Целје се игра денес, а почетокот е закажан за 19:00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО