Ракометарите на Вардар и официјално го дознаа својот следен противник во четвртфиналето од Лигата на Европа.
Тоа е францускиот гигант Монпелје, кој обезбеди пласман по двомечот со норвешки Елверум.
<Иако Елверум славеше во реваншот со 35-31, но високата победа на Монпелје од првиот меч беше пресудна, кога Французите триумфираа на домашен терен со убедливи 36-24.
Македонскиот шампион сега може целосно да се фокусира на подготовките за овој исклучително важен меѓународен дуел.
Првиот натпревар, од четвртфиналната фаза, Вардар ќе гои игра на теренот на противникот, а предвиден е за 28 април.