РК Вардар добива уште еден спонзор за следната сезона

Управата на РК Вардар 1961 најави нов силен партнер за следната сезона – Casinos Austria International, кој ќе биде меѓу главните поддржувачи на ракометниот тим.

Соработката има за цел создавање поконкурентен тим и остварување на амбициозните цели на клубот, со уверување дека ваквите партнерства придонесуваат за развој на македонскиот ракомет.

Официјалната промоција ќе се одржи на 23 април во СЦ Јане Сандански во Скопје, каде ќе се обратат претставници од клубот и новиот партнер.

Во меѓувреме, Вардар е лидер во домашната Суперлига и е на добар пат да ја врати шампионската титула, додека воедно го очекува и четвртфинале во Европската лига на ЕХФ.

Foto:РK ВАРДАР

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО