Ракометниот клуб Алкалоид се насочува кон новиот европски предизвик во ЕХФ Европскиот куп каде македонскиот тим е пред портите на четврт-финалето.
Следува реваншот со италијанскиот клуб РК Бриксен, против кого нашиот претставник славеше со високи 12 гола разлика на првата меѓусебна средба во Италија.
Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Бриксен ќе се игра денеска со почеток од 18.00 часот во салата „Автокоманда“ – Скопје.
За играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров, мечот против РК Бриксен ќе биде шести во еврокуповите оваа сезона.
Во рамки на EHF Европскиот куп, покра победата од 44:32 во Италија, во претходните мечеви Алкалоид запиша по две победи против Вест Виена од Австрија (38:27 и 32:29) и Драгунас Клаипеда од Литванија (42:31 и 37:31).