Македонскиот ракометен Куп-освојувач Алкалоид е во финалето на Европската лига на ЕХФ, каде го чека двомеч со грчки АЕК Атина, а вториот дуел на кој ќе се дава трофејот ќе се игра во Скопје.
Првиот меч е закажан во Атина, на 18 мај, додека домаќин-сала на реваншот во Скопје ќе биде СЦ „Борис Трајковски“. Таму ќе се дава трофејот, а дуелот ќе се игра на 25 мај со почеток од 20:30 часот.
Алкалоид во Европската лига на ЕХФ оваа сезона ги мина Драгунас Клаипедас од Литванија, Вест Виен од Австрија, Бриксен од Италија, Баја Маре од Романија и Рунар Сандефјорд од Норвешка.