РФМ ќе ги награди младинците со еден милион денари

Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на вчерашната седница донесе одлука за доделување парична награда за машката младинска репрезентација која учествуваше на ЕП за играчи до 20 години.

УО на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од еден милион денари за младинците кои го освоија деветтото место на ЕП во Словенија. Ракометарите предводени од селекторот Раде Стојановиќ претрпеа само еден пораз на шампионатот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО