Репрезентативец на Холандија ќе биде нов пивот на РК Вардар

Македонскиот вицешампион, РК Вардар денес објави ушт еедно засилување за следната сезона. Дел од екипата на Вардар ќе биде холандскиот репрезентативец Ларс Коиј.

Тој игра на позицијата пивотмен, и ќе остане во Скопје најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Тој е првиот Холанѓанец што потпишува за Вардар, и воопшто прв играч што доаѓа од оваа земја во Македонија. Ларс Коиј (23 години, 199 см.) доаѓа од екипата на Хам Вестфален во Германија каде настапуваше претходните две сезони.

Претходно има настапувано и за екипата на Тонден во Данска. Квалитетите на Коиј ги препозна и Флензбург кој го ангажираше овој млад ракометар и две сезони играше за вториот тим (до 19 и до 23 години) и беше шампион на Германија со екипата до 23 години.

Со своите настапи покажа дека станува збор за одличен пивотмен кој подедкаво добро игра и одбрана и напад, и ќе им биде колега на Милан Лазаревски и Михаил Аларов на оваа позиција во Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО