Ремзифаик Селмани пред промоција во Работнички

Екипата на Работнички изненадувачки е мирна на трансфер пазарот ова зима, но тоа се очекува да се промени.

Со клубот од „Дебар Мало“ се поврзуваа неколку имиња како Андреј Лазаров, Сабит Билали, а на оваа листа се придодава и напаѓачот Ремзифаик Селмани.

Тој откако си замина од Гостивар е слободен играч и се очекува да го облече дресот на „романтичарите“ во пролетниот дел од сезоната.

Станува збор за екс играч на Ренова, Шкендија, како и Ујпеш и Мезоковесди од Унгарија, Лапи од Косово и Партизани од Албанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО