Ремили од Франција е МВП на финалето, но за него немаше место во идеалниот состав на ЕП

Францускиот репрезентативец Недим Ремили, ја доби наградата за најкорисен играч во големото финале на ЕП на мечот против репрезентацијата на Данска (33:31).

Ремили е третиот француски репрезентативец кој ја освојува оваа индивидуална награда. Два пати во таа улога беше Никола Карабатиќ (во 2008 и 2014 година), а првиот кој ја освои оваа блескава награда беше Џексон Ричардсон во 2000 година.

Иако Ремили на ова првенство постигна 34 погодоци и имаше 53 асистенции, тој не беше избран во идеалната екипа на првенството.

Апликацијата „Home of Handball“, преку која гласаа повеќе од 20 000 луѓе, а и според стручнаците на ЕХФ, едноставно немаше место во идеалната екипа на првенството во Германија за МВП-то Ремили, што е прилично бизарно.

Јури Кнор, Андреас Волф, Лудовик Фабрегас, Матијас Гидсел, Мартим Коста, Хампус Вејн и Роберт Вебер, се имињата кои обезбедија место од гласачите за идеалниот состав на ЕП.

Како специјалист за одбрана признанието отиде кај Магнус Саугструп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО