Македонската таеквондо натпреварувачка, Мила Рељиќ, сепак загуби во четвртфиналето од претставничката од Либија, Летисија Аун.
Во оваа борба одлучуваше само еден поен, што јасно укажува на тоа колку била неизвесна битката за пласман во следната рунда.
Првата рунда од мечот и припадна на Ајун со резултат 9-8, додека втората беше изедначена (6-6).
На крајот, пресуден беше само еден поен, а Рељиќ беше елиминирана за следната фаза, но сепак, шансите за медал и остануваат.
Ајун во полуфиналето ќе се соочи против Нахид Киани, па доколку победи и се пласира во финалето, тоа може да и донесе прогрес и на нашата репрезентативка во репасаж и евентуална борба за бронзен медал.