Рекордна бројка од 191 ЛГБТ спортист на Игрите во Париз

Рекорден број спортисти кои отворено се идентификуваат како ЛГБТ се натпреваруваат на Олимписките игри (ОИ) 2024 година.

Во Париз има 191 спортист(ка) кои јавно велат дека се хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци, трансродови, квир и небинарни кои учествуваат на ОИ, според „Аурспортс“ (Outsports), организација која составува база на податоци за отворено квир олимпијци. Огромното мнозинство од спортистите се жени.

Таа бројка го урна претходниот рекорд од 186 спортисти на ОИ во Токио 2021, а бројката се очекува и натаму да расте на идните ОИ.

Бројот на луѓе кои се подготвени да го привлечат вниманието како ЛГБТ+ олимпиец вртоглаво се зголеми во минатите децении. Кога почнале да се следат бројките на ОИ во Сиднеј 2000 година, биле изброени само петмина.

„Сите ние припаѓаме во нашиот олимписки свет“, рече Томас Бах, претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во говорот за време на церемонијата на отворањето.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО