Реал Мадрид месец дена без една од главните ѕвезди

Реал Мадрид во недела на домашен терен ќе игра против Валјадолид во второто коло од Ла лига. Во првиот меч Реал освои само бод на гости против Мајорка (1:1).

Во недела ќе биде на поправен, но без една од своите големи ѕвезди, Џуд Белингем кој се повредил пред крајот на денешниот утрински тренинг.

Тој бил веднаш бил прегледан, а лекарите констатирале повреда на плантарна фасција на мускулот на десната нога.

Станува збор за потешка повреда и според првите прогнози Англичанецот ќе отсуствува од терените најмалку еден месец. Се очекува тој да се врати во тимот дури по репрезентативната пауза во септември.

Поради отсуството на Белингем, тренерот Карло Анчелоти не ќе може да смета на триото БМВ (Белингем, Мбапе, Винициус) на претстојните натпревари, па шпанските медиуми сметаат дека повеќе можности ќе добијат Лука Модриќ и младиот Турчин, Арда Ѓулер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО