Реал Мадрид ќе му се оддолжи на херојот од сенка

Новиот шампион на Европа, Реал Мадрид трајно ќе го задржи Хоселу, тврди „Атлетик“. Минатата сезона напаѓачот играше на „Сантијаго Бернабеу“ како позајмен од Еспањол, за што клубот плати 500.000 евра.

Во договорот постои и откупна клаузула во износ од 1,5 милиони евра. Централниот напаѓач веќе има 34 години и се очекуваше дека нема да продолжи да го носи дресот на Реал, особено по доаѓањето на уште двајца напаѓачи, Килијан Мбапе и Ендрик.

Но, според информациите, Реал ќе ја активира клаузулата и ќе го задржи Хоселу кој отсекогаш навивал за Реал Мадрид и играњето таму го нарекува „остварување на сонот“.

Во минатата сезона тој претежно беше резерва, но сепак успеа да постигне 17 гола. Посебно вредни беа двата гола во реваншот против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ), со кои „кралевите„ се пласираа во финалето, на мечот за трофејот. Веќе е потврдено дека Реал ќе ги задржи Лука Модриќ, како и Лукас Васкез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО