На капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ,koj во септември ќе наполни 40 години,ке му биде понуден нов договор од Реал Мадрид,најави Никола Шира, италијански новинар и експерт за фудбалски трансфери
Во објава на социјалната мрежа „Х“, тој напиша дека Реал сака да го задржи својот капитен и следната сезона и дека ќе му понуди договор до летото 2026 година.
Исто така се наведува дека Модриќ сака да ја продолжи својата кариера бидејќи сaka да игра со хрватската репрезентација на Светското првенство догодина.
Модриќ кој е во Реал од 2012 година, е најтрофејниот играч на „кралскиот клуб“, шест пати ја освои Лигата на шампионите,а четири пати бил шампион на Шпанија.