Реал Мадрид ја „уништи“ НБА лигата си откупните клаузули!

Во последната деценија, кошаркарскиот клуб Реал Мадрид заработи повеќе од 20 милиони евра од откупните клаузули за своите играчи од НБА тимовите!

Репрезентативецот на Франција и асот на „кралскиот“ клуб, Гершон Јабуселе кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија, а Сиксерс на име откупна клаузула ќе треба да му платат на Реал 2,5 милиони евра. Јабуселе е последниот во низата кошаркари од чии трансфери во НБА, Реал добро заработи.

Се’ почна во 2014 година кога Никола Миротиќ се пресели во Чикаго булс за 2,5 милиони евра. Две години подоцна, Чако Родригез го напушти Реал и замина во Филаделфија за три милиони.

Далас во 2018 година на „кралскиот“ клуб му плати два милиона евра за Лука Дончиќ, а рекордот го постави Аргентинецот, Факундо Кампако, кој за шест милиони евра се пресели во Денвер нагетс.

Пред три години Габријел Дек замина во Оклахома за 1,3 милиони, а Усман Гаруба во Хјустон за три милиони евра.

Вкупко „кралскиот“ клуб во последната деценија инкасирал 20,3 милиони евра на име откупни клаузули.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО