Реал Мадрид има најскап, Слован Братислава најевтин тим во ЛШ

Од годинава Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се игра според нов, лигашки формат, не по групи како во претходните сезони, со 36 екипи, четири повеќе отколку досега.

Тимовите денеска од 18 часот на ждрепката во Монте Карло ќе ги дознаат противниците во првата ринда во која ќе одиграат осум меча, четири дома и исто толку на гости, со различни ривали.

Порталот Трансфермаркт објави листа на сите 36 клуба според вредноста на играчите на фудбалскиот пазар.

На дното на таа листа е словачкиот Слован Братислава, кој е најмалку вредниот клуб следната сезона во ЛШ, со проценети 21,4 милиони евра.

Летово Слован, во првото квалификациско коло од ЛШ, го елиминира првакот на Македонија, Струга Трум Лум со вкупни 6:3 (2:1 и 4:2). За споредба Трансфермаркт, тимот на Струга ТЛ го проценува на 5,22 милиони евра!

На врвот на листата е актуелниот победник во ова натпреварување, Реал Мадрид кој вреди 1,34 милијарди евра. Потоа следуваат уште два клуба со вредност од над една милијарда евра. Тоа се Манчестер сити (1,27 милијарди) и Арсенал (1,2 милијарди).

Динамо Загреб е при дното на листата, односно петти најмалку вреден клуб во ЛШ, со играчи што чинат 71,8 милиони евра. Под него е белградска Црвена Звезда (67,9 милиони) итн.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО