Eден од најпознатите кошаркарски агенти и поранешен играч, Мишко Ражњатовиќ, вели дека европската кошарка нема светла перспектива.
„Платите во НБА се големи и уште ќе растат.Европа добива се помалку квалитетни играчи од САД. Европските екипи не им даваат можност на младите и затоа гледаме се повеќе возрасни кошаркари“ – вели Ражњатовиќ.
„Не знам дали ќе има нови имиња во Евро-лигата за неколку години но, сигурен сум дека нема да има големи ѕвезди“- вели Ражњатовиќ.