Рашфорд добил три понуди од Саудиска Арабија, се уште размислува

Три клуба од Саудиска Арабија изразија интерес за потписот на Маркус Рашфорд. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед најави заминување од „Олд Трафорд“, откако во едно интервју откри дека „бара нов предизвик“.

Според информацијата на радиото „Ток Спорт“, Ал Ахли, Ал Итихад и Ал Кадсија имаат интерес за англискиот репрезентативец. Додека Ал Итихад беше заинтересиран и во минатото за напаѓачот на „црвените ѓаволи“, а Ал Кадсија и Ал Ахли сега првпат искажуваат отворен интерес за него.

Кој од овие тимови да се обиде да го донесе Рашфорд, ќе мора да се откаже од некој од странците, бидејќи веќе немаат право за регистрација на странски фудбалери во првите тимови.

Во оваа ситуација Ал Ахли размислува да се раздели со капитенот Роберто Фирмино , кого го бараат турски Фенербахче, како и саудискиот клуб Ал Тавон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО