Рамос бесно изреагира кон непослушните навивачи

Фудбалскиот клуб Севиља новата година ја почна со пораз од Атлетик Билбао.

По натпреварот, капитенот на екипата Серхио Рамос, додека даваше интервју за медиуми и сумирање на впечатоците, успеа да биде изнервиран од одредени навивачи, на кои веднаш им се нафрли.

– Нели гледате дека разговараме? Имајте малку почит кон овие луѓе и кон грбот на клубот, беше пораката на Серхио Рамос.

При давањето на изјавата, одредени навивачи беа премногу бучни и правеа врева, па Рамос се обиде воспитно да влијае на нив да се смират и да ги испочитуваат новинарите.

Севиља засега има лоша сезона, во моментов се на 16. позиција со само бод над зоната за елиминација во Сегунда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО