Ралф Шумахер лут на властите во Керпен:„Такви се политичарите во Германија“

Ралф Шумахер, поранешен возач во Формула 1 (Ф1) и помлад брат на седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер, реагираше луто на социјалните мрежи откако градскиот совет на Керпен, во близина на Келн, не му додели статус на почесен граѓанин на неговиот легендарен брат.

„Ова е се’ што треба да знаете за Германија и за нашите политичари“, напиша Ралф.

Керпен е местото каде што работел нивниот татко Ролф Шумахер на локалната патека Ерфтландринг, каде што Михаел и Ралф ги направиле првите картинг возења. Браќата Шумахер се родени во Хурт, друго предградие на Келн.

На Шумахер му беше доделен статус на почесен граѓанин од Маранело во Италија во 2006-та и во Спа, Белгија во 2019 година. Советот на Керпен се повикува на фактот дека локалните закони воопшто не имплицираат статус на почесен граѓанин и дека Михаел Шумахер е единствениот човек кој добил своја улица во градот.

Минаа повеќе од 10 години откако Михаел Шумахер (55) доживеа тешка несреќа на скијање во Франција. Великанот во Ф1 тешко се повреди, преживеа, но неговата состојба не и е позната на јавноста. Сопругата Корина со години дава штури изјави и строго контролира кој смее да го види.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО