Ракометните младинци ремизираа со Полска во Олецко

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија ремизираше со Полска (24:24) на првиот контролен меч во Олецко.

Избраниците на Стојановиќ во еден драматичен и неизвесен меч одиграа без победник против домаќинот.

Двете селекции си имаа свои моменти и минути на натпреварот, домаќинот водеше со 14:13 по првиот дел, го имаше и последниот напад на средбата, меѓутоа голманот Давид Брестовац го скроти ударот на ривалот.

Нашата селекција ја очекува денес нов дуел и тоа со репрезентацијата на Алжир.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО