Организаторот на меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, ГРК Охрид, ги објави групите за овогодинешното издание и финалниот распоред на натпреварите.
Во групата А ќе ги гледаме ГРК Охрид, Киндил Торшавн, Партизан и Нексе, а во групата Б силите ќе ги одмерат Вардар 1961,Динамо Панчево Е.Пелистери АЕК од Атина.
На програмата ќе имаме по три меча од групната фаза, кои ќе се играат од вторник до петок, а натпреварите за конечен пласман се закажни за сабота, 23 август. Турнирот започнува четири дена порано, а сите мечеви ќе се одиграат во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
Група А:
ГРК Охрид, Киндил Торшавн, Партизан, Нексе
Група Б:
Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Динамо Панчево, АЕК Атина
Мечевите од групната фаза се играат на 19, 20 и 21 август, во истите термини од 16:00, 18:15 и 20:30 часот. Натпреварот за седмото место се игра на 23 август во 11:00 часот, мечот за петтото место во 13:00 часот, борбата за третото место ќе започне во 17:00 часот, а големото финале е закажано за 20:00 часот.