Ракометната федерација одлучи домаќин на Фајнал-фор (Ф4) турнирите во националниот куп во машка и во женска конкуренција да се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во периодот од 17 до 19 мај.
Кај мажите кандидати за освојување на трофејот се Вардар, Пелистер, Тиквеш и Алкалоид.
Кај ракометарките новиот освојувач на купот ќе се бара меѓу екипите на Куманово, Ѓорче Петров, Чаир и Вардар.