Ракометарките загубија во Белгија – ЕП се подалеку

Женската ракометна репрезентација на Северна Македонија го запиша и третиот пораз во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва изненадувачки загуби на гостувањето кај Белгија со 26:25.

Македонските ракометарки го контролираа натпреварот во првото полувреме и во неколку наврати имаа предност од три гола разлика. Сепак, домаќинките не се откажуваа и на паузата заминаа со минимална негатива од 14:15.

И вториот дел донесе слична слика. Нашите репрезентативки подобро го отворија продолжението и го диктираа темпото, но Белгијките повторно успеаја да се прилагодат и во финишот да се вратат во резултатска рамнотежа. На три минути до крајот поведоа со 25:24, а по еден погодок на двете страни следеше последен напад за Македонија, кој не беше реализиран. Домаќинките на крајот заслужено се радуваа на победа од 26:25.

Најефикасна во македонскиот состав беше Јована Кипријановска со седум погодоци, додека кај Белгија блескаше Мунија Смитс со 11 голови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО