Ракометарките пружија силен отпор

Македонската женска ракометан репрезентација денеска загуби на гостувањето кај Шпанија со 24:20 во рамките на 4 коло од квалификациите за Европското првенство.

Избарничките на Грчевски добро го отворија мечот и пружија одлична игра некаде до средината на вториот дел кога домаќниот успеа да се одлепи и да го реши победникот. Кај Шпанија се наметна Пинто со 4 голови а Хереро и Коста имаа по 3. Кипријановски и Маџовска беа најпрецизни кај нас со по три гола.

Македонија сега ја очекуваат последните два меч. Прво со Азербејџан на гости а потоа со Литванија на домашен терен. Шпанија е прва со максималне фект, Македонија има две победи и два пораза и отворен пат за ЕП. Литванија и Азербејџан имаат по една победа и три пораза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО