Македонија ќе ја чека ждрепката за Европското првенство од последниот, четврти барабан.
Извлекувањето на групите е закажано за 16 април во Катовице.
Во истиот барабан со Македонија се наоѓаат и селекциите на Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција, што значи дека овие репрезентации нема да можат да се најдат во иста група.
ЕП ќе се одржи од 3 до 20 декември во пет земји, Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Романија ќе биде домаќин на две групи, кои ќе се играат во Орадеа и Клуж, додека останатите натпревари од групната фаза ќе се распределат во Анталија, Брно, Катовице и Братислава.
Земјите-домаќини ќе имаат улога на носители, а во една од романските групи таа позиција ќе ја има Унгарија.
Пласман во главната фаза ќе обезбедат по двете најдобри репрезентации од секоја група, а натпреварите од оваа фаза ќе се играат во Клуж и Катовице.
Завршницата, односно полуфиналето и финалето, е предвидена да се одржи во Катовице.
Барабани за ждрепката:
1: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
2: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
3: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
4: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција