Бразилското крило, Рафиња блесна на мечот во Париз, ПСЖ – Барселона (2:3), за разлика од Килијан Мбапе кој не импресионира.
– Рафиња и Роберт Левандовски ја направија разликата, а Педри помогна многу. Јас сум многу среќен и многу сум горд на тимот, изјави тренерот на Барселона, Чави за ТНТ спортс.
Рафиња (27) пред мечот против ПСЖ немаше постигнато гол во Лигата на шампиони (ЛШ), но во Париз даде два. Тој беше постојана опасност за одбраната на ПСЖ во текот на целиот меч и имаше најмногу удари (шест), најмногу директни удари кон противничкиот гол (четири) и допири во противничкиот шеснаесетник (шест).
– Последниве неколку недели, работевме многу напорно на тренинзите. Да дојдеш овде и да се вратиш дома со победа е прилично позитивно, би рекол. Победата е важна.но работата не е ни приближно завршена, изјави Рафиња, кој го доби и признанието за играч на натпреварот на УЕФА.
На спротивната страна беше Килијан Мбапе (25). За победникот на Светското првенство (СП) 2018 и вицешампион во 2022-та со Франција ова е последна шанса да го освои трофејот со ПСЖ.
Тој испрати само три шута, од кои ниту еден не беше кон голот, и имаше најмалку допири со опката од кој било играч на ПСЖ што го одигра целиот натпревар (44).