Селекторот на машката младинска ракометна репрезентација, Раде Стојановиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета за тестовите со Полска и Алжир во рамките на ЕХФ неделата.
Натпреварите ќе се играат во Олецко, односно на 13 март за ривал ќе го имаме домаќинот Полска, додека наредниот ден ќе играме против репрезентацијата на Алжир.
Стојановиќ за овие контролни средби избра 17 играчи кои треба да се појават на првиот собир закажан за 10 март во 13.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.