Селекторот на младата машка ракометна репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ го објавуви списокот на повикани за подготовките за Светско првенство за ракометари до 21 година кое ќе се одржи во Полска.
Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе одигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство.
На 8 мај е предвиден натпревар против младинската екипа на РК Бутел Скопје а ден подоцна против РК Вардар 1961 или РК Пролет 62.