Еден од најзаслужните за успесите на Ред Бул последните 10 години, тимскиот инжинер, Адриан Њуи, ги започнал преговорите со „лименките“ за негово заминување од тимот.
Како што дознава британскиот весник Гардијан, Њуи се уште формално не поднел оставка, но дека тоа наскоро ќе следи.
Овој 65 годишен инжинер, има актуелен договор до 2025 година, но очигледно не се гледа веќе таму и скоро извесно ќе го смени тимот.
Њуи е најуспешен дизајнер на болиди во модерната ера на Ф1 и член на Ред Бул од нејзиното соновање во 2006 година. Причини за разделбата се незадоволството од челниците на тимот и се почестите расправии со шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Доколку се случи заминување на Њуи, во прашање може да биде доведено и останувањето на Макс Верстапен во Ред Бул од идната сезона.