Францускиот шампион, Пари Сен Жермен му понудил договор на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо. Според француски извори, позициите на играчот и на клубот според условите на договорот се многу блиски.
Англичанецот е заинтересиран за проектот на клубот од Париз, а и Манчестер Ј. е подготвен за негова брза продажба, но се истакнува дека се’ уште не е јасно колку ќе чини трансферот.
Минатата сезона Санчо одигра 24 натпревари во сите конкуренции за „црвените ѓаволи“ и за Борусија Дортмунд, на кои постигна три гола и трипати асистираше. Крилниот напаѓач му се приклучи на Манчестер јунајтед од Борусија Дортмунд во јули 2021 година во трансфер кој изнесуваше 85 милиони евра.