ПСЖ ја одбрани титулата во Франција

Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во француската Лига 1, откако синоќа го совладаа директниот конкурент Ленс на гостински терен со 2-0 и стекнаа недостижна предност од девет бодови на едно коло до крајот на сезоната.

Кварацхелија му донесе водство на ПСЖ во 25 минута, а откако Ленс во продолжението пропушти неколку идеални шанси за гол, победата на гостите од Париз ја запечати Мбапе во 94 минута.

За ПСЖ ова е вкупно 14 француска титула во клупската историја и осма во последните девет сезони.

Како утешна награда за загубената битка за шампионската титула, Ленс обезбеди место во Лигата на шампиони, а ќе има уште една можност да ја заврши сезоната со трофеј во финалето на францускиот Куп против Ница.

Од друга страна, ПСЖ сега ќе се фокусира на финалето во Лигата на шампиони во кое на 30 мај во Будимпешта ќе ја брани европската титула против Арсенал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО