Францускиот шампион, ПСЖ официјално го промовираше скапото засилување за средината од теренот, Португалецот, Жоао Невеш. Трансферот кој веќе некое време беше договорен сега доби и официјална потврда.
Трансферот на младиот, 19- годипен, Невеш во Париз ќе чини 60 милиони евра, а Бенфика ќе добие уште 10 милиони во вид на бонуси. Младиот Португалец веќе пристигна и стави потпис на договорот со ПСЖ до 2029 година.
Невеш потекнува од младинската школа на Бенфика, а во ПСЖ заминува по одличните игри за Бенфика, но и во репрезентацијата на Португалија на Европското првенство (ЕП) летово во Германија. Се очекува во спротивен правец да замине Ренато Санчез, кој би се вратил во Бенфика на заем.