Челниците на Интер, веројатно ќе сакаат да се разделат со Маркус Турам за околу 80 милиони евра, тврдат италијанските медиуми. Во истовреме, Пари Сен Жермен не крие дека е заинтерсиран за Турам, бидејќи Килијан Мбапе речиси сигурно ќе си замине летово.
Турам кој има 26 години има забележителна сезона. Тој на 29 средби во домашното првенство успеа 10 пати да се запише во листата на стрелците и да направи седум успешни додавања за погодок.