Фудбалерите на Пари Сен Жермен денес пристигнуваат во Каталонија, каде што во среда ќе и гостуваат на Барселона во дербито од второто коло од Лигата на шампионите.
Луис Енрике денес доби лоши вести, бидејќи нема да може да смета на напаѓачката тројка, како и на капитенот Маркињос. Покрај Бразилецот, а во Париз останаа и Усман Дембеле, Дезире Дуе и Хвича Куарачели.
Ова е секако голем удар за Енрике, кој ќе мора да импровизира, особено во нападот, каде што од стандардните е достапен само Бредли Баркола, додека Маркињос ќе биде заменет од новодојдениот Илија Забарни.
Натпреварот Барселона – ПСЖ е закажан за среда во 21:00 часот.