Првиот човек на Светската акватика под истрага за финансиски малверзации!

По Светското првенство (СП) во пливање и ватерполо што неодамна се одржа во Доха, наголемо се пишува дека Хусеин Ал-Мусалам од Кувајт, претседателот на Светската акватика (Меѓународна организација за водени спортови) порано ФИНА, е под истрага.

Тој се сомничи за финансиски малверзации вредни милиони долари, за доделување вносни договори на компанија во сопственост на неговата сопруга и на децата!

Станува збор за народни пари, наменети за спорт, но кои се „препратени“ на малку поинаква адреса. Суштината е злоупотреба на службената положба, непотизам и слично, пишуваат хрватските „Спортске новости“.

Ал Мусалам наводно веќе се’ договорил седиштето на СА да го пресели од Лозана, Швајцарија во Будимпешта што треба да се реши до 2027-та. Долго време се зборува и дека тој веќе има унгарско државјанство, како и имот таму!

Во Доха во меѓувреме, на вонредниот азиски конгрес за водени спортови се говореше и за „исчезнати“ околу 10,4 милиони евра. Повторно на тапет е Ал Мусалам кој е осомничен за кривично дело, овојпат во својство на генерален секретар на Кувајтскиот олимписки комитет.

Ал-Мусалам е поврзан и со други матни зделки. Тој во кривичната постапка против ФИФА беше споменуван како човек што давал мито и бил доверлив човек на осудениот Шеик Ал-Сабах (афера за поткуп при гласањето за избор на домаќин на СП во фудбал 2022).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО