Првиот човек на ПСЖ: Да можам, сите столчиња од стадионот, ќе ги извадам!

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, очекува голема поддршка на трибините, од каде неговиот тим ќе го игра реваншот во полуфиналето од ЛШ.

Борусија на ова гостување носи гол предност, но на ПСЖ е сега да покаже и докаже дали и сезонава е зрел за финале во Лигата на шампионите.

– Играчите се концентрирани на реваншот, имаме самодоверба, но не смееме да бидеме пресамоуверени, тоа не е добро. Воодушевени сме што реваншот го играме пред нашите навивачи, тие ќе бидат нашиот 12 играч, доколку можам, утре би ги извадил сите столчиња од „Паркот на принцовите“, се со цел атмосферата да биде исклучителна, одиме на победа, порача Келаифи.

Од ПСЖ најавиле дека на оваа средба ќе имаат навивачи од 47 градови ширум светот, што сведочи за големата еуфорија која владее пред реваншот и за овој натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО