Првиот човек на Партизан објави голема вест за новите засилувања на клубот

По завршување на претходната, прилично неуспешна сезона за Партизан, клубот од Белград ова лето ќе има полни раце работа.

Првиот човек на клубот, претседателот Остоја Мијајловиќ и тренерот Жељко Обрадовиќ, тргнаа во подготовка на скоро нова цела една петорка која ќе им биде движечка сила во новата сезона.

Но за разлика од претходно, една практика сега ќе биде поинаква, тие нема да ги објавуваат новите засилувања до почетокот на подготовките за новата сезона.

– По сезоната зад нас, ние влегуваме во комплетно реновирање на тимот. По објавувањето на три засилувања, Ниликин, Лундберг и Вања Маринковиќ, како клуб донесовме одлука дека од овој момент ќе постапуваме поинаку.

– Поради големиот број шпекулации за повеќе играчи кои излегоа во јавноста, а повеќето од нив се неточни, донесовме одлука пристапот да биде поразличен од претходно. Сите следни засилувања, Партизан како клуб ќе ги објави пред почетокот на подготовките, на потполно друг начин за разлика од сега.

– Во овој момент, клубот има 11 нови кошаркари во однос на сезоната 2023/23 и очекуваме уште неколку засилувања до почетокот на подготовките. Веќе сега со сигурност можам да тврдам дека ќе бидеме конкурентни со сите тимови во Европа и дека ќе се бориме за големите цели, порача Остоја Мијајловиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО