Прва лига на Македонија: Познати двојките за првото коло од новата сезона

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше одржана ждребката на која беа одредени двојките за новата 2024/25 сезона во Првата лига.

Според ждрепката за новиот шампионат што ќе почне на 10 август (17 часот), актуелниот првак Струга ТЛ во првото коло ќе игра со Тиквеш, на домашен терен. Најтрофејниот македонски клуб, Вардар во воведното коло на гости во Струмица ќе се сретне со Академија Пандев Брера.

Другите двојки се: Беса – Шкендија, Работнички – Силекс, Пелистер – Гостивар и Шкупи – Воска спорт.

Последните два тима испаѓаат во понизок ранг, а 10-та ќе игра плеј-оф натпревар на неутрален терен со третопласираната екипа во Втората лига.

Работнички и Вардар ќе го делат теренот на арената „Тоше Проески“ во Скопје, а во Гостивар истоимениот тим и Беса исто така ќе играат на еден стадион.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО