Пројковска ќе суди на СП за жени (до 20 години) во Колумбија

Најдобрата судијка во Македонија, Ивана Пројковска ќе биде дел од арбитрите на Светското првенство (СП) за жени до 20 години, кое се одржува во Колумбија.

Ова е уште едно признание за Пројковска која ќе ја дели правдата на мечот Северна Кореја – Аргентина. Нејзини асистентки се Линда Шмид (Швајцарија) и Камил Сориано (Франција).

На СП во Колумбија, Светската фудбалска федерација (ФИФА) за прв пат ќе користи технологија „Football Video Support (VS)“, поедноставена алтернатива на видео помошникот судија (ВАР). Со тоа ФИФА продолжува да ја поттикнува употребата на модерната технологија како помош за судиите.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО