Џошуа Кимих ќе мора да паузира поради воспаление на тетивата, соопштија од Баерн Минхен.
Германскиот фудбалер за врска се повреди во првото полувреме од победата со 4-0 против Ајнтрахт Франкфурт во неделата и не можеше да го продолжи натпреварот. Клубот потврди дека проблемот е во тетивата на потколеницата на левата нога.
Сè уште не е познато дали Кимих ќе биде подготвен за првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против Баер Леверкузен на 5 март.