Стотици луѓе се собраа вчера за да маршираат во чест на едно од легендарните имиња на светската атлетика, маратонецот Келвин Киптум, кој загина во сообраќајна незгода.
Луѓето пешачеа од Елдорет до неговото родно село еден ден пред погребот на кој е најавено присуство на кенискиот претседател Вилијам Руто и на претседателот на Светската атлетика (СА), Себастијан Коу.
Ковчегот со телото на Киптум беше однесен од Елдорет во неговото родно село за денешниот погреб.
Киптум (24) и неговиот тренер Жервејс Хакизимана загинаа во сообраќајната несреќа во долината Рифт. До несреќата дошло кога Киптум изгубил контрола над возилото и удрил во дрво. Според извештајот на патологот, Киптум починал од повреди на главата.