Пресврт, Кимих ќе потпише нов договор

Пред десетина дена се чинеше дека Баерн и Џошуа Кимих дефинитивно ќе се разделат на крајот од сезоната. Германскиот репрезентативец не одговори во дадениот рок на предложениот нов договор, а генералниот директор Јан-Кристијан Дресен рече дека „понудата е повлечена и тоа не е одлична вест“.

Сепак, челниците на Баерн, во текот на вчерашниот ден, повторно седнаа на маса со капитенот на германската репрезентација и според информациите, двете страни задоволни ја напуштиле просторијата.

Медиумите добија информации дека начелно е договорена двегодишна соработка, при што на следниот состанок треба да бидат дефинирани уште неколку детали.

Кимих го чинеше Баерн 8,5 милиони евра, сума која му беше исплатена на Штутгарт во 2015 година, а досега има одиграно 427 натпревари, со 43 гола и 114 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО